Биткоин – Дигитално Злато Што Созрева

Дали навистина Биткоинот е некаков вид на дигитално злато кое се уште созрева?

Со досега најголемата, историска инфлација се очекува моментот кога биткоинот може да засјае во својот најсветол сјај, меѓутоа…

Клучниот инвестициски план за биткоинот значително се влоши во последниве неколку месеци а тоа е одраз на лошата гео политичка неизвесност и растечката инфлација. Овие две збиднувања “удираат” на стабилноста на сите криптовалути.

Цената на биткоинот падна како никогаш до сега, посебно после наредбата на Рускиот Председател Владимир Путин за испракање на воени трупи во Украина. Во меѓувреме биткоинот доживеа пораст но се уште е далеку од својата највисока вредност.

Дали е тој пораст надежен да остане на оваа вредност, може да падне повторно или можеби цената ке достигне максимум? Тоа никој не може да го предвиди.

Биткоинот често е нарекуван ” Дигитално Злато ” од страна на неговите корисници и сопственици. Причината на овој назив се однесува на идејата за најпопуларната крипто валута може да достигне вредност повисока и од цената на актуелното злато… златото кое што не е во ко релација со со другите финансиски пазари, како што се на пример, акциите.

Dodeka ” Биковите ” на Биткоинот гледаат на криптовалутите како сигурен извор кој може да послужи како заштита од глобалната финансиска и економска неизвесност како и покачувањата на цените што исто така ја смалува куповната сила на суверените валути како што е Американскиот Долар.

Со инфлација на историско ниво ова е можниот момент и се очекува биткоинот да засјае како никогаш до сега. Потрошувачките цени во УСА минатите неколку месеци пораснаа највеке во споредба со 1982 година. Но наместо тоа, најпознатата криптовалута ја изгуби половина од својата вредност одкако во Ноември 2021 година достигна највисока вредност од $69.000 за еден биткоин.

Сето ова ги наведе аналитичарите да се запрашаат дали навистина биткоинот може да има статус на Дигитално Злато. Навистина се смета дека е во својата пре рана зрелост па затоа таа категорија одпаѓа од игра.

Падот на биткоинот забележан во последниве неколку месеци се израмни заедно со падот на акциите на светската берза. Во овој момент вредноста на биткоинот изнесува $21.168.00 за еден биткоин, додека Етериум изнесува $1552.00.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Please enter CoinGecko Free Api Key to get this plugin works.