Целзиус со Нови “Тешки Услови” – Привремено Суспендирање на Сите Трансфери и Размени

Компанијата за Crypto позајмици Celsius Network LLC соопшти дека привремено ке ги суспендира сите налози за повлекувања, трансфери и размени на крипто валути поради тешките услуви на берзата.

Celsius Network LLC со седиште во Њу Џерси е една од најголемите крипто компании која што се бави со крипто позајмици. До неодамна оваа компанија тврдеше дека поседуваат повеке од 20 миљарди долари во имоти и недвижнини. Но за разлика од регулаторот, некој корисници од неодамна почнаа да ги обвинуваат Celsius Network LLC за нивни големи финансиски загуби. Корисниците беа убедувани дека имаат комплетна заштита со ЦЕЛ дигитални токени како залог за нивните кредити. ЦЕЛ набрзо опадна за 48%, додека во Понеделникот вечер изгуби повеке од 75% од својата вредност во споредба со минатиот месец.

Оваа година крипто валутите се на вистински удар, само во последните два месеца имаа пад од 40% (Bitcoin 5.72%)

“Разбираме и сме свесни дека ова се навистина тешки збиднувања за сите нас како и за нашите корисници”, изјави Celsius Network LLC во Вторникот. “Работиме со еден и единствен фокус, а тоа е, да им пружиме вистинска заштита на нашите корисници, како и зачувување на нашиот имот како би си ги исполниле нашите обавези и програма спрема купувачите.

Celsius Network LLC изјавија дека нивната програма и работа нема да запре и дека се ке се одвива според нивниот протокол

“Пред нас стои голем предизвик за кој се трудиме и разгледуваме различни опции како да го совладаме.”