Од утрово цената на нафтата значително опаѓа, 110 долари по барел, а берзата на крипто валутите полека се опоравува.
Цените на нафтата од утрово се помали во однос на вчерашниот ден. На лондонската берза цената на нафтата изнесува 110 долари по барел, што е поевтино за 1% во однос на предходниот ден. Истото снижување од 1% може да се забележи и на американската берза со цена од 104 долари по барел.

Да не заборавиме дека цената на нафтата пред две недели беше со рекордна цена од 121 долар по барел.
И конечно, берзата на крипто валутите од утрово се во зелено. Пораст на Bitcoin од утрово со вредност од 20.536 долари за еден Bitcoin, што е пораст за 2% за разлика од вчерашниот ден. Порастот на цената важи и за останатите крипто валути на берзата.