Најголемата Крипто Превара – Elon Musk

Едно од најпознатите имиња Elon Musk е возможно да биде наскоро обвинет и да заработи навистина голема тужба бидејки постојат сомнежи и докази дека стои позади сите манипулации во врска со Крипто валутата Dogecoin.

Извршниот Директор на познатата компанија Tesla некаде при крајот на 2021 вата година објави зошто ја поддржува Dogecoin, воедно ги објасни компликуваниот однос со оваа крипто валута. Целото сценарио започна кога еден од креаторите на Dogecoin објави на Twitter дека воопшто не е љубител на Bitcoin бидејки за него Bitcoin е созададен да создава богаташи. Додаде дека нивната цел со Dogecoin е да создава нови можности, да се забавува и да заработува, спротивно од поддржувањето на некој крипто валути кои даваат лажна моќ на многу богати корисници.

Elon Musk & Dogecoin

Веднаш после овој твит, Муск веднаш изјави дека впрочем тоа е единствената причина поради што ја дава својата поддршка на Dogecoin. Во истиот период расправата околу тоа дали Blockchain и Bitcoin се навистина децентрализирани, траеше навистина долго време, па излегоа докази и тврдења дека со нив управуваат навистина мала група на поединци и компании. Уште поинтересна беше изјавата на Американското Национално Биро за Економски Истражувања кое што после нивната кратка студија изјавија дека сето ова што се шпекулира дека се случува и не е така далеку од вистината. Најдобар доказ за тоа е одкривањето на статистиката дека најбогатите десет илјади сопственици на Bitcoin чуваат повеќе од пет ијади Bitcoin што е вредно на 232 милјарди долари.

Изгледа дека и Dogecoin не е ни најмалку далеку од сето ова, а вмешани се Elon Musk заедно со неговите гиганти Tesla и SpaceX. Им се заканува тужба со вредност од 258 милјарди долари, и се тоа поради омилената крипто валута Dogecoin. Тужбата е покрената од Keith Johnson кој тврди дека Муск и неговите две компании се дел од огромна пирамидална шема која што е создадено само поради една причина, а тоа е да ја контролира вредноста на Dogecoin крипто валутата.

Се предвидува дека Муск може да изгуби и многу повеќе со оглед на вистината дека ова и не е баш единствениот проблем со кој што се соочува во периодов. Тужителот тврди дека Муск изнесува упорно лажни информации кој убедија премногу корисници дека оваа крипто валута ке достигне висока цена за многу краток период. Johnson тврди дека Dogecoin нема никаква финансиска вредност и за возврат бара оштета од 86 милјарди долари, губитоци предизвикани од лажните шпекулации на Elon Musk. Воедно бара и итно стопирање на сите реклами поврзани со Dogecoin.