Најниска Вредност на Bitcoin во Последните 18 Месеци

Вредноста на Bitcoin е речиси падната под 20.000 илјади долари што значи дека ова е најниската вредност во изминативе 18 месеци. Поради високите каматни стапки, се повеке и повеке инвеститори почнаа да се повлекуваат од берзата.

Најзначајната криптовалута изгуби вредност со повеке од 7%, со моментална вредност од $18,881 што е најниска вредност од Декември 2020 година. Медиумите пренесуваат дека за неколку часа вредноста би можела да се врати назад и Bitcoin да ја добие својата стара вредност.

Пред само два дена Bitcoin имаше пад за 9% и вредност од $19,000. Но не смее да се заборави и занемари Ноември 2020 кога вредноста на Bitcoin достигна врвни $69.000.

Во 2022 вредноста на Bitcoin падна блиску до 59% додека неговиот конкурент Ethereum изгуби вредост од 73%, пренесува Ројтерс. Најпогоден со овие промени беше секторот за дигитални валути одкако компанијата за кредитирање на крипто валути Celsius ги замрзна исплатите и сите трансфери на своите корисници.

Загубите во секторот за трговија со криптовалути настанаа одкако големите компании како Коинбејс, Џемини и Блокфеј соопштија дека ке одпуштат иљадници свои вработени. За жал ова се најновите знаци на промени во крипто индустријата во жариштето од турбуленции на финансиските пазари.

Ланецот од крипто падови избриша десетици милјарди долари вредни имоти на инвеститорите, а воедно даде нов пат и шанса слободната индустрија да се крене повторно како некогаш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *