За Crypto.mk

Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на Crypto.mk. Ние посветуваме особено внимание на правото на приватноста и заштитата на личните податоци на нашите корисници. Ние го цениме Вашиот интерес за нашата веб страница и Ви благодариме за посетата на нашиот веб-сајт.

 

Кои лични податоци ги собираме и зошто ги чуваме

Кога креирате кориснички профил на Crypto.mk, ние ги собираме и чуваме податоците потребни за да го креирате Вашиот профил. Со верифицирањето на Вашиот кориснички профил, се согласувате за собирање, обработка и користење на Вашите лични податоци од нашата компанија и тоа:

 

   – Име и Презиме

   – E-маил адреса

   – Телефон за контакт

   – Локација

   – Податоци на огласот

 

Податоците кои ги собираме, се чуваат кај нас во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Вашите лични податоци се користат исклучиво за овозможување на нашите услуги и подобрување на истите. Личните податоци нема да бидат откриени без ваша согласност на трети лица. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши врз основа на Ваша претходна писмена согласност. Од наша страна се користат соодветни технички безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите податоци доставени до нас. Нашите безбедносни мерки постојано се унапредуваат во согласност со технолошкиот развој, но сепак не може во целост да се гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегална употреба на истите. Од тие причини доколку имате сознанија за такво нешто, Ве молиме веднаш да не известите како би можеле соодветно да реагираме.

Во секој момент Вие може да извршите промена, ажурирање, корекција или целосно отстранување на Вашите лични податоци и информации,со соодветно барање доставено до нашата компанија.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, овие информации ќе бидат архивирани во нашата компанија во рок не подолг од една година по завршување на рокот на траење на Вашиот кориснички профил, по кое нешто истите ќе бидат избришани.

Пред истекот на овој рок, податоците можат да бидат избришани, врз основа на ваше писмено барање, со тоа што сите евентуално одговорности поради тоа ѓе паднат на Ваш товар, односно нашата компанија нема да ги сноси последиците кои евентуално можат да произлезат од Вашето барање.

Со поднесување на вашите податоци за употреба, вие се согласувате за ваквото складирање на податоци и трансфер на истите према трети лица, по ваше барање. При тоа се превземаат сите соодветни мерки со цел обезбедување и заштита на вашите лични податоци во согласност со законските прописи.

Податоците ќе бидат складирани на посебни безбедносни сервери и истите ќе бидат соодветно криптирани за поголема безбедност.

Коментари

Кога посетителите оставаат коментари на страницата, ние ги собираме податоците прикажани во формуларот за коментари, и низата на пребарувачот на корисник на прелистувачот за да помогнат во откривање на spam.

Слики

Ако прикачувате слики на веб-страницата, треба да избегнувате поставување слики со вградени податоци за локација (EXIF GPS). Посетителите на веб-страницата можат да превземаат и извлекуваат какви било податоци за локацијата од слики на веб-страницата.

Колачиња

Ако оставите коментар на нашата страница, можете да се одлучите за зачувување на вашето име, емаил и веб-страница во колачињата. Овие се за ваша погодност за да не мора повторно да ги пополнувате вашите податоци кога ќе оставите друг коментар. Овие колачиња ќе траат една година.

 

Ако ја посетите нашата страница за најавување, ќе поставиме привремено колаче за да утврдиме дали вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Ова колаче не содржи лични податоци и се отфрла кога ќе го затворите прелистувачот.

 

Кога ќе се најавите, ние исто така ќе поставиме неколку колачиња за да ги зачуваме вашите информации за најавување и изборот на вашиот екран. Колачињата за најавување траат два дена, а колачињата за опции на екранот траат една година. Ако се одјавите од вашата сметка, колачињата за најавување ќе бидат отстранети.

Последни Огласи
Сеуште немате профил?