Правила и услови

Регистрација

Crypto.mk им нуди на своите корисници он-лајн услуга. За користење на услугите на Crypto.mk е потребна регистрација. Услугата на Crypto.mk е во оперативна должност непрекинато седум дена во неделата со 99% расположливост во текот на годината. Од ова се исклучени случаите на недостапност поради одржување и надградба на софтверот, како и времето кога услугата не е достапна на интернет поради технички или други проблеми кои не се под влијание на Crypto.mk.

За користење на сервисот Crypto.mk во целост, клиентот мора да ги користи најновите  технологии за пребарување на интернет. Доколку се користат постари технологии или технологии кои не се во општа употреба, можно е да се случи клиентот да може само ограничено да ги користи услугите на Crypto.mk, за што одговорноста е исклучиво на Ваша страна.

Чувајте ја Вашата лозинка во тајност и не ја делете со другите.

Избегнувајте употреба на истата лозинка која ја користите и за други веб страници. Ако имате впечаток дека неовластено лице ја открило Вашата лозинка, веднаш променете ја лозинката.

За да можете да ја користите оваа страница морате да имате наполнето 18 години.

 

Crypto.mk го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот во секое време, без писмено соопштение, ако истиот, според мислењето на Crypto.mk, не тргувал во согласност со условите на користење. Во случај на прекин на регистрацијата, Crypto.mk ќе го избрише евентуално креираниот профил на корисникот.

Верификација на профилот

Поради безбедности причини Верификација на профилот е задолжителна.

Ве молиме верифицирајте го вашиот профил.

Откако ќе го верифицирате, можете бесплатно да внесувате огласи исто така бесплатно да ги менувате вашите огласи. 

Сите не-верифицирани профили ќе бидат избришани.

Политика за колачиња (Cookies)

Crypto.mk користи технологија на следење (Cookies – мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер) која е корисна за системот на огласи и ги брои уникатните посети. Оваа информација е анонимна и не содржи лични податоци. Crypto.mk не собира никакви податоци од овие колачиња. Колачињата се поделени според нивната функција: задолжителни колачиња, за перформанси, за функционалност, за рекламирање и за сесиија.

Ве молиме имајте во предвид дека ако ги исклучите колачињата нема да може да користите некои од функциите.

Правила за огласување

Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на Crypto.mk. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р. Северна Македонија.

Crypto.mk го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.

Корисниците се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци во внесениот оглас. Crypto.mk го задржува правото за промена, дополнување или бришење на било кој дел од огласот или профилот на корисникот или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на огласот. Одговорноста за содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај авторите. Crypto.mk не гарантира постојана достапност на веб страницата. Огласите на Crypto.mk потекнуваат од корисниците. Укажуваме на тоа дека Crypto.mk не дава гаранција за квалитетот, целосноста, сигурноста или легалноста на огласите, како и за комуникацијата на корисниците.

 

Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте во предвид:

 

  • Вашиот оглас може да биде одбиен доколку не е во соодветната категорија или Crypto.mk да му ја промени категоријата.
  • Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.
  • Предметите кои се огласуваат мора да бидат во соодветниот тип на оглас. Типот на оглас опишува дали предметот се продава, се купува или се нуди за размена.

 

Правила за прикачување на слики и видео:

  • Треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате.
  • Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг.
  • Не е дозволено да се превземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола на огласувачот.
  • Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што е заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал.

Crypto.mk го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат Правилата.

Во согласност со чл.14, 15, 17 и 17 од Законот за лични податоци, по Ваше барање должни сме да ги дополнеме, измениме, избришеме или да го сопреме користењето на Вашите лични податоци во случај на нивна нецелосност, неточност, неажурираност и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на законот. 

Огласот се дава само еднаш и само на локацијата на понудата или побарувачката.

Повеќекратно давање оглас со идентична содржина – вклучително и во различни региони и рубрики – не е дозволено.

Овие правила важат исто така и за огласи, кои се разликуваат преку слики и формулации, но кои содржински се идентични.

Забранети содржини и предмети

Crypto.mk има одредени забрани за тоа кои производи и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Р.Македонија се дефинираат како нелегални, нема да се објават.

Не е дозволено да се огласуваат копии на брендови, (CD/ DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри, филмови). Огласувачот мора да докаже дека се работи за оргинален производ.

Порнографија, вклучително порнографски и опасни за младината списи и предмети.

Понуди за проституција.

Контакт огласи во име на трета страна.

Украдени, фалсификувани или неодобрено копирани предмети од било каков вид, тука се вбројуваат и пиратериски продукти.

Лекови кои се издаваат на рецепт, фалсификувани лекови или лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани.

Дроги и стимуланти во рамките на законските прописи во РСМ.

Радиоактивни супстанци, отрови, пиротехнички производи, експлозиви, како и други хемикалии штетни по здравјето.

Човечки органи, крв и други телесни течности, како и носена долна облека.

Оружје во поглед на законот на оружје, особено огнено оружје и оружје за сечење и прободување од било кој вид, како и муниција.

Службени униформи и пасоши од безбедносни области.

Продукти со ознаки на противуставни организации.

Според Законот за оружје во Република Северна Макеоднија, потребна е дозвола за поседување на оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора да наведи во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето. (Закон за оружје, Сл.весник бр.7/05, Чл.5)

Огласи кои не се во рамките нa правилата на Реклама5 и огласи кои не се не во рамките во согласност со законски прописи во Македонија нема да бидат објавени.

Промени во правилата и условите

Имајте предвид дека правилата и условите на употреба на Crypto.mk можат во секое време да бидат променети. Актуелната верзија секогаш ќе ја најдете овде кај услови на употреба на Crypto.mk.

 

Со користење на услугите, Вие се согласувате на наведените услови.

Последни огласи

Донирајте Етериум