Предупредување од Експертите – Иднината на Македонија е Катастрофална

Домашните експерти предупредуваат дека на Македонија и престои многу лоша економска иднина, дури и од тоа што го предвидува Светската Банка. Според нив стопанството е пред провалија и може да падне во рецесија. Ризикот од стагфлација, односно намалување на производството при зголемување на цените е голем.

Изјава од Бранимир Јовановиќ – Економски истражувач

Главното прашање што треба да се направи за да се справиме со овие проблеми, тука мислам дека Владата целосно потфрла, јас тоа стално го кажувам веќе шест месеци наназад. Првата грешка што ја прават е што воопшто не се обидуваат да ја контролираат инфлацијата. Она што мора да го направи Владата е да воведе ценовни контроли, односно да ги замрзне цените на основните прехранбени производи. Второто што мора да го направи е да ги замзрнат цените на нафтените деривати, кои се исто така многу поскапени. Друго што мора да направат е да ги покачат платите на работниците, не можат тие со декрет да ги покачат платите на сите работници, но можат да ги покачат платите во јавниот сектор – тоа што го бара синдикатот веќе пола година и што тие тврдоглаво го одбиваат. Третото што мора да го направат е поголеми државни трансфери, односно социјални трансфери, особено за најсиромашните и најранливите

Екс Министерот Џевдет Хејредини воопшто не е изненаден од предупредувањето на светската банка. Напротив тој се согласува со ваквата изјава и самиот смета дека ни престои голема инфлација.

Ваквото предупредување треба сериозно да се сфати бидејќи рецесијата според последниве економски случувања е се поизвесна“, изјави Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии.

Во извештајот на Светската Банка меѓу другото пишува дека инфлацијата достигнува историски нивоа и најмногу ги погодува сиромашните, поради тоа фискалните политики мора да ги таргетираат најранливите категории.

Проекциите за раст се намалени на 2.1% годинава и на 2,7 односно 2.9% во следните две години. Со тоа, Македонија е меѓу најлошо рангираните земји во извештајот. Зад нас се само Украина, Русија, Белорусија и Молдавија – земји или директно вклучени во војната или на самата граница.

Нормално, опозицискиот лидер ја обвинува моменталната власт и нивното неправилно раководење.

Ние за стагфлацијата односно низок раст и висока инфлација зборувавме уште пред неколку месеци. И кога предупредувавме на тоа, никој не го сфаќаше тоа сериозно. Еве денеска за жал тоа ни се случува. Стагфлацијата е практично последица на лошото менаџирање, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

И секако, моменталната влада е правда дека последиците за сето ова се пандемијата и војната.

За фискалната политика е задолжена Владата, за монетарната политика е задолжена Народната Банка. Во однос на стагфлацијата тоа не се однесува само на Македонија, вие ако го читате извештајот за Македонија тогаш можете таа претпоставка да ја видите но ако ги читате извештаите и за другите земји тогаш ќе ја најдете истата претпоставка, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Македонија има ограничен простор за натамошни задолжувања со кои би им се помогнало на граѓаните и на стопанството. Светска Банка наведува дека јавниот долг годинава ќе биде 59.4% од БДП, а во следните две ќе продолжи да расте и ќе достигне 59.9 односно 61.4%.

Превземено од АЛФА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *