Предупредување од МВР – Појава на Компјутерски Измами за Крипто Валути

Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи заедно со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесоа изјава каде се наведува дека во изминатиов период е забележана голема активност на социјалните мрежи каде одредени корисници рекламираат апликации и споделуваат линкови објаснувајки дека со истите може да се заработи експресно брзо. Избраната публика се македонци кои без размислување се впуштаат, ги отвараат линковите и ги инсталираат апликациите на своите мобилни телефони. Ветуваат лесна заработка, краток работен ден и финансиска слобода.

Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.

Веднаш штом корисникот ја направи потребната инвестиција, добива пакет одредени задачи од типот посета на одредени веб страници, преглед на видеа и многу други квизови, па така добиваат надомест, во зависност од инвестицискиот пакет што го имаат одбрано.

Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.

– Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции – се наведува во соопштението

Еве што се препорачува на Македонските граѓани:

– Пред секоја инвестиција на интернет, побарајте совет од стручно лице и испитајте ја платформата на која треба да инвестирате.

– Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање;

– Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит;

– Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и

– Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Превземено од Нова Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Please enter CoinGecko Free Api Key to get this plugin works.