Според истражувањето на Елиптик, во 2021 та година преку ДеФи апликациите биле проневерени над 10 миљарди американски долари. Ова се инвеститори од типот на родители, работници, студенти, со голема надеж за минимална заработка.
Технологијата на „ДеФи“ (децентрализирани финансии) создава нови можности за заработка, но и опасност од големи загуби и измами на штета на корисниците. Овие дигитални и крипто алатки за разлика од традиционалните финансии не се под речиси никаков надзор и регулација.
Моментално во оптег се вртат околу 143 миљарди долари на ДеФи апликациите. Ова е статистика објавена од Дап Радар, алатка за следење на тековните финансии на ДеФи.
Новата Финансиска Независност
Над 90 милијарди долари во криптовалути се веќе инвестирани во децентрализираните платформи. Инвестираат и пензиски фондови, но и криминалци. Анонимноста и заштитата од следење на трансакциите ги прават да бидат новиот финансиски рај за перење пари.
Според аналитичката куќа „Чејналасис“, во текот на 2021 година вкупно 900 милиони долари биле испрани преку де-фи. Сите средства биле генерирани од малверзации со крипто-валути, особено на платформите каде може да се тргува помеѓу различните токени, без провизија и без даноци.
Ова е реалната и вистинската сума на испрани пари од различни криминални дејствија како трговија со дрога, порнографија, трговија со оружје, сајбер напади итн…
Криминал и Биснис во Исто Време
Тоа што застрашува е дека добар дел од измамите се базираат на отворен софтвер кој може секој да го искористи, ископира и прилагоди за сопствени потреби, вклучувајќи и измамнички шеми.
Испрограмирани на нечиј лаптоп, ваквите крипто берзи или дигитални „банки“, нудат лесен пристап до финансии. Секој може да се збогати, многу брзо и многукратно од почетната инвестиција.
Се Добива, но и Дефинитивно се Губи
Инвестирањето во акции и обврзници воопшто не ветува сигурна заработка со двоцифрени или троцифрени суми. ДеФи апликацијата ветува и гарантира дека вашите инвестирани средства ке бидета удвоени за само 24 часа. (Ризикот е ваш)… Да бидеме малку по едноставни, ако вложите денес износ од 100 долари, на ДеФи апликацијата можете да прочитате дека имате голема шанса да станете милјонер за само една година. Кој пробал знае …
Но, и самите платформи кои работат чесно и ги размножуваат парите на инвеститорите не се целосно безбедни. Пропустите во сајбер инфраструктурата ги прави ранливи на хакирање. Во еден од најголемите крипто-грабежи на векот, хакери успеаја да украдат над 600 милиони долари вредни криптовалути.
Дигитална Финансиска Писменост
Ако досега се вложуваше во финансиска писменост за штедење, инвестирање и кредитирање, корисниците се повеќе ќе треба да се едуцираат за можностите, но и опасностите на дигиталните финансиски платформи.
Брзо склопените сајтови на измамници кои раководат експресна шема за крипто инвестиции може лесно да се проверат преку интернет доменот, адресата на регистрација, бомбастичните банери со мегаломански ветувања и слични предупредувачки сигнали.
Колку што де-фи носат иновации, и зголемување на моќта на одлучување на самите корисници, толку и нивната „коцкарска“ природа ги прави се попривлечни за брзо вложување кое може да заврши со сѐ или со ништо.
Превземено од Трт Балкан