Три Криптовалути Чекаат на Proof of Stake Протоколот

Етериумот сериозно чека да изврши спојување во блокчејн мрежата и да помине во Proof of Stake протоколот каде што се очекува сериозен пораст на цените. Неколку криптовалути ја чекаат истата можност, стрпливо чекајки рударите на криптовалути кои што бараат алтернатива, да ја искористат актуелната ситуација.

Водечката платформа за паметни договори го направи и последното од вкупно три јавни тестирања на 11ти Август и со тоа објави дека нема да има идни промени на распоредот и на 19ти Септември се очекува конечниот Ethereum Merge – преминување на нов, многу по ефикасен блокчејн кој ке овозможи брз и поголем број на трансакции, како и нови паметни договори, и најбитното, за копачите – преминување од Proof of Work (PoW) во Proof of Stake (PoS) протокол.

Тоа значи дека ова спојување ке замени цела армија на Етериум копачи со лица за верификација, со тоа што ке им биде потребно да вложат по 32 ETH доколку би сакале да остварат некоја минимална заработка.

Криптовалути од кој се очекува пораст на цените во блиска иднина: Lido Dao (LDO), Ethereum Classic (ETC) и Optimism (OP).

Lido Dao (LDO)

Преминувањето на PoS системот отвара простор за посредниците кои собираат Етериум од сопствениците кој баш и немаат по 32 ETH и со тоа автоматски ги префрлаат во групата на лица за верификација во Етериум блокчејн. Lido Dao е еден од нив.

Lido Dao е водечки “staking” сервис во смисла на вредноста која е заклучена во внатрешноста на паметниот договор н а новата Етериум мрежа. Lido Dao има 4,15 милиони ETH во Eth2 паметен договор, додека е прв следен Coinbase со околу 1.55 милиони ETH кои се вложени од страна на новите клиенти. Ова е најголемата причина спојувањето да влијае позитивно на цената на Lido Dao услугите.

Во последните три месеци цената на LDO имаше пораст повисок од 200%, а се започна од како Етериумот најави префрлување на PoS во Септември. Токму ова е добра причина LDO да биде потенцијален број еден кој би можел да има огромна корист од предвидената Етериум транзиција.

Ethereum Classic (ETC)

ETC одсекогаш бил добра алтернатива за Ethereum, но никогаш доволно исплатлив за некој што посакува да се префрли на оваа криптовалута покрај живиот Етериум. Да се подсетиме дека Ethereum Classic е дел од ланецот кој што се создаде после hard fork “заобиколување” во 2016 година. ETC има скоро се што има и актуелниот Етериум кога се во прашање техничките карактеристики, а PoW системот го прави идеален алтернативен дом за копачите на ETH.

И цената која порасна за 200% од како е најавен датумот за Етериум Транзиција, па се очекува овој тренд да продолжи кога ке се крене голема фама и паника помеѓу рударите сопственици на опрема која веке нема да може да се користи.

Optimism (OP)

Optimism е Ethereum rollup сервис кој ажурира податоци надвор од ланецот, ги спојува и ги префрла резултати во главната мрежа на Етериум во моментот кога ке се постигне посакуваниот консензус. Ова таканаречено дво слојно решение може да искористи секакви предности во мрежата на Ethereum Rollup – централен план после самото спојување.

OP токенот достигна пораст и повеке од 250% одкако беше објавен датумот на транзицијата. Поради клучната улога на новата мрежа, се очекува и цената на OP да достигне значителен пораст.

Мораме да спомнеме дека ова се само проекции и размислувања, како и предвидувања и никако не смеете да ги сватите како инвестициски совети, па доколку планирате да остварите некакви инвестиции ве молиме предходно да направите самостално истражување, бидејки ВИЕ сте тие што одлучувате за вашите пари и најголемиот ризик го сносите ВИЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Please enter CoinGecko Free Api Key to get this plugin works.